Захарова: Кој ја праша Србија во 2008 година, кога Косово прогласи независност?

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека лицемерието и дволичноста станале „визит-карта“ на западната дипломатија, како и дека никој ништо не ја прашал Србија во 2008 година за независноста на Косово.

„Слушаме многу обвинувања против нас дека не ги почитуваме одредбите на меѓународното право, дека сме на погрешната страна на историјата и дека Западот е на вистинската страна. Добро се сеќаваме на ситуацијата со едностраното прогласување на „независноста“ на Косово во 2008 година, кога Америка и ЕУ едногласно тврдеа дека создавањето на „Република Косово“ без согласност на Белград не е спротивно на нормите на меѓународното право.

Да потсетам, Србија никој не ја прашал. „Белград јасно го кажа својот став, велејќи дека е против тоа“, рече Захарова на брифингот со новинарите. Таа додаде дека денес, 15 години подоцна, западните земји одбиваат да ги следат сопствените рекламирани „стандарди“ во однос на ситуацијата во Украина. „Тие ги отфрлаат резултатите од референдумите одржани во Крим и Севастопол, ДПР, ЛХП, Запорожје и Херсонските региони во врска со анексијата на територии кон Русија, нарекувајќи ги „нелегални“.

Но, во 2008 година немаше референдум за Косово. Западните земји, Америка и Европската Унија, рекоа дека така треба да биде и тоа е нормално. Што се смени? Зошто тогаш беше нормално без референдум, а сега, испаѓа, не е нормално со референдум“, праша Захарова.

Таа потсети дека сето тоа е дел од шпекулациите во информативниот амбиент, бидејќи самопрогласените „пратеници“ во Приштина едноставно го прогласија 17 февруари 2008 година за Ден на независноста на покраината, спротивно на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. „Денес Западот повторно користи омилен метод. Дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ ги има сите шанси да ја повтори судбината на нормандискиот формат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот