Захарова: Изјавите на Болтон за државни удари бараат реакција и анализа

Марија Захарова / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Изјавите на поранешниот американски советник за национална безбедност, Џон Болтон, за учество во организирање на државен удар во странство, се апсолутно нови сознанија што бараат анализа, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон за Си-Ен-Ен изјави дека тој лично бил вклучен во „планирање државни преврати“ во странски земји.

„Не се сеќавам некој, кој бил на таква висока позиција и кој бил директно одговорен за меѓународната политика на САД, јавно да зборува дека се занимавал со планирање државни удари во други земји“, истакна Захарова.

Според неа, тоа „подразбира, секако, реакција“ и „си бара понатамошна анализа“.

„Затоа што важно е да се знае во кои други делови на светот, САД планирале државен удар“, подвлече Захарова.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот