Захарова испрати соопштение до Киев: На Запорожје му се заканува голема нуклеарна несреќа

Нуклеарна централа Запорожје
Нуклеарна централа Запорожје / Фото: EPA-EFE/SERGEI SUPINSKY epa Historical Collection digitized in 2012 as part of the EURO-Photo project

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска објави соопштение во кое им се обрати на властите во Киев за тоа дека ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, предизвикува зголемена загриженост.

Захарова со соопштението пренесува дека ситуацијата ја „ескалирале украинските власти” наведувајќи дека Киев „шири дезинформации за наводно влијание на руските претставници во електраната за обезбедување на нејзината безбедност”.

„Постојано нагласивме дека Русија покажа најголема одговорност во однос на украинските нуклеарни постројки и направи се што е во нејзина моќ за да обезбеди не само соодветно ниво на нуклеарна и физичка безбедност, туку и најголема можна транспарентност во ова прашање”, тврди Захарова во соопштението упатено до Киев.

Таа натаму наведува дека на крајот на јуни 2022 година, Русија, заедно со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), предводена од генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, подготвувала посета на оваа нуклеарна централа за да се потврди усогласеноста со безбедносните стандарди и имплементацијата на заштитни мерки, но дека посетата не се одржа бидејќи Секретаријатот на ОН одби да ја поддржи иницијативата на Секретаријатот на МААЕ под слабо оправдување за недоволна безбедност и лош тајминг за посетата.

„Попречувањето на посетата беше од корист на режимот во Киев и неговите западни спонзори, кои не беа задоволни што главниот директор, експертите на Агенцијата и меѓународните претставници вклучени во мисијата ќе имаат можност да ја видат реалната ситуација во Запорожје и самите да се уверат во исправноста на неговото функционирање”, наведе Захарова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот