Загина 72-годишник, со возило излетал од пат во Ѓорче Петров

Фото: "Слободен Печат" / Драган Митрески

Седумдесет и двегодишен маж загина откако вчера со возило излетал од пат во Ѓорче Петров.

„Вчера во периодот од 21.30 до 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје, патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(72) од Скопје, излетало од коловозот. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал К.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е даден за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот