„Заемот од Унгарија е нова енергија за нашата економија“, му кажал Гаши на Орбан

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретнал со претседателот на Владата на Република Унгарија, Виктор Орбан, кој престојува во посета на земјава, соопшти собраниската прес-служба.

На средбата присуствуваа и претседателката на Пратеничката група за соработка на Собранието на РСМ со Парламентот на Унгарија, Ели Панова и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

„Претседателот на Собранието притоа ја подвлече постојаната поддршка на Унгарија на евроинтеграривниот пат на земјава, која, како што посочи, несомнено е резултат на односите кои ги негуваат двете држави од воспоставувањето на дипломатските односи во 1994 година“, пишува во соопштението.

Гаши го информирал Орбан за формирањето на Групата за соработка со Унгарија на почетокот на мандатот и упатил покана до претседателот на унгарскиот Парламент да ја посети земјава, нагласувајќи дека соработката меѓу двата парламента треба да се продлабочува и развива на сите нивоа, преку претседателски возвратни посети, групите за соработка, пратеници и службеници.

Гаши, според соопштението, искажал благодарност за заемот од Унгарија и рекол дека тој претставува „нова енергија за нашата економија.

Премиерот Орбан се заблагодарил за срдечниот пречек и отворените разговори со претставниците на државата, нагласувајќи дека средбите и меѓупарламентарната соработка се особено важни за односите меѓу двете држави и дека секогаш се залага и поддржува комуникација и соработка во сите сфери на општеството, особено меѓу законодавните домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот