За сите родители што имаат новороденчиња што икаат – не плашете се, тоа е само рефлекс

unsplash

Апсолутно немате потреба за грижа ако вашите бебиња икаат. Многу деца го прават тоа во првите недели, па и месеци во животот, особено по доењето или хранењето. Тоа не значи дека сте направиле грешка, драги родители.

Вашето бебе веројатно икало и во стомакот на мајката. Тоа е рефлекс кој го спречува ембрионот да се „напие“ од плодовата вода. Сега, по породувањето, кога детето е веќе во допир со надворешната средина, воздух и сензации, истиот рефлекс го спречува да се „засркне“ од мајчиното или формула-млекото, за истото да не отиде во душникот, и наместо тоа – во желудникот.

Икањето се случува кога дијафрагмата (мускулот помеѓу градите и стомакот) неконтролирано ќе се згрчи.
Едноставно кажано, бебињата учат како да се навикнуваат на внесување храна!

Бебето вдишува воздух,поклопчето на душникот се затвора и воздухот не може да излезе. Истовремено се блокира враќањето на млекото, таканаречено рефлукс, пишуваат од „ЖенаБлиц“.
Имајте на ум дека голем број методи кои ги применуваме како возрасни личности воопшто не е применлива за бебињата. Не пробувајте да му го затнете носето на бебето, ниту да го заплашувате, никако.

Најдобро е едноставно да го потчукнете по грпчето или едноставно да почекате. Некогаш бебињата икаат и по 10 минути. Немајте грижи – сето тоа е нормален процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот