За Русија планот на Зеленски за принудување на мир е „фатална грешка“

Планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја принуди Русија да склучи мир, Кремљ денеска го оцени како „фатална грешка“, која ќе има последици за Киев, пренесуваат британските медиуми.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија сака мир, но невозможно е да се реши проблемот со сила.

Зеленски вчера пред Советот за безбедност на ОН рече дека „војната нема да биде завршена само преку преговори“ и дека Русија мора да биде принудена да постигне мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот