За потрошувачката кошница во Црна Гора се потребни речиси три просечни плати

Црна Гора рафтови супер маркет фото ЕПА PEJOVIC

Вредноста на синдикалната потрошувачка кошничка во Црна Гора за периодот јули-септември, изнесува 2.000 евра и таа е повисока за 130 евра, односно за 6,95 отсто во однос на три месеци претходно, објави Центарот за образование, информирање и синдикално истражувањена на Црна Гора. Просечната плата во Црна Гора изнесува 771 евро, па за потрошувачката кошница се потребни безмалку три цели просечни плати.

Потрошувачката кошничка се однесува на третиот квартал од годинава и ги опфаќа трошоците на четиричлено семејство со две деца на училишна возраст, објави РТЦГ.

Сојузот на слободни синдикати наведува дека од вкупно десет категории на трошоци, кои се дефинирани со методологијата за изработка на СПК, во овој квартал поскапувања се забележани дури во пет категории.

Тоа се однесува на трошоците за прехранбени производи (3,42 отсто), припишана кирија (11,43), домување и комунални услуги (6,67), образование и култура (30 отсто), годишен одмор (25).

Со наплата на нови цени од трите најголеми малопродажни синџири во Црна Гора за 135 прехранбени производи, кои влегуваат во категоријата трошоци за прехранбени производи, утврдено е дека расходите за прехранбени производи во третиот квартал од 2024 година изнесуваат 605 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот