За матурантите учебната година ќе заврши на 19 мај

Државната матура нема да се полага оваа година, а учебната година ќе заврши на 10 јуни со воспоставеното далечинско учење, одлучи владата на дешената седница.

-Се определува дека учениците од завршните години на образованието во учебната 2019/2020 година се ослободуваат од полагањето на државна матура, училишна матура, завршен испит со тригодишно траење и завршен испит со четиригодишно траење во средното гимназиско образование, средното стручно образование, средното уметничко образование и средното образование за ученици со посебни образовни потреби, и дека на овие ученици училиштето ќе им издаде диплома за завршено средно образование, која сè издава само за учебната 2019/2020 година“, соопшти владата.

Воедно, Владата донесе измени на уредбите за примена на законите за основно, средно и високо образование за време на вонредна состојба.

-Со Уредбата за основното образование, се уредуваат роковите за објавување јавен повик за покривање на трошоците за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар на акредитираните здруженија на наставници, за запишување на децата во прво одделение во основно училиште, за продолжување на мандатот на органите за управување и раководење со основните училишта и за бројот на наставните денови“, информираат од владата.

Уредбите определуваат дека наставната година во основните и средните училишта ќе заврши на 10 јуни, додека пак за учениците од завршните години во средното образование ќе заврши на 19 мај 2020 година. Дотогаш, ќе се применува далечинско учење преку средства за електронска комуникација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот