За девет месеци во војната во Газа уништени или оштетени повеќе од 500 израелски оклопни возила

Foto: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Повеќе од 500 израелски оклопни возила се оштетени во нападите на Израел врз Појасот Газа, објави израелскиот весник Маарив на хебрејски јазик.

Во написот се наведува дека израелската армија воспоставила два логистички центри во Газа за поправка на возилата оштетени во борбите со палестинските групи.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други членови на неговиот кабинет наводно примале неделни известувања за статусот на воените залихи бидејќи војната против Хамас во Газа потрошила многу повеќе оружје отколку што очекувала израелската армија.

Според висок службеник на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, како што објави Вашингтон пост, САД обезбедиле 6,5 милијарди долари безбедносна помош за Израел откако започна нападот врз Појасот Газа. Во извештајот се наведува дека само минатиот месец е обезбедена речиси половина од износот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот