Вучиќ за „Белград на вода“: Бев како Дон Кихот, сам против сите

Српскиот претседател Александар Вучиќ, откако присуствуваше на завршувањето на работите за изградба на хотелот „The St. Regis“ во „Кулата Белград“, која е централен елемент на проектот „Белград на вода“, објави видео на кое се осврнува на целиот проект, нарекувајќи се себеси „Дон Кихот“, кој „самиот се борел против сите“ за да се изведе контроверзниот масивен градежен зафат.

Вучиќ во видеото му се заблагодарува на Шеикот Мухамед бин Зајед ал-Нахјан, шефот на државата на Обединетите Арапски Емирати, велејќи дека „да не бил тој, не би било ништо од ова тука“. Српскиот претседател вели дека му се остварил сонот, да го преобрази „еден од најгрдите делови на нашиот главен град“ (населбата Савамала, која беше уништена за да се гради проектот „Белград на вода“), кое било „преполно со змии, шприцови од оние што се дрогираат, отпад и некои грозни бараки“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот