Вториот долгометражен игран филм на режисерот Ѓорче Ставрески се снима на локации во Скопје

Сет за снимањето на долгометражниот игран филм „Трампи“

Снимањето на долгометражниот игран филм „Трампи“ по сценарио и во режија на Ѓорче Ставрески почна на 25 септември во продукција на „Фрагмент Филм“. Филмот ќе се снима на повеќе локации во Скопје во наредните месеци, во период од 38 дена.

Станува збор за втор долгометражен игран филм на Ставрески, кој по големиот успех на „Исцелител“, снима нова, сосема поинаква, но подеднакво интересна приказна.

Главните улоги во филмот ги играат Сергеј Димовски и Стефанија Начевска. Во останатите улоги се Александар Микиќ, Игор Ангелов, Петар Мирчевски, Душица Настова, Наум Ѓоргиевски, Ана Димитрова, Григор Јовановски и многу други. Кастинг-директор е Билјана Драгиќевиќ Пројковска.

Директор на фотографија на „Трампи“ е Дејан Димески, сценограф е Симо Бранов, костимограф е Жаклина Крстевска, на шминка и маска работи Јасмина Лилиќ од Србија, дизајнер на звук е Лука Шуто од Чешка Република.

Продуценти на филмот се Ивана Шекуткоска и Ѓорче Ставрески, копродуцент е Алзбета Јаначкова. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на РС Македонија и Чешкиот филмски фонд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот