Врховниот водач на Иран се огласи: Муслимани, помогнете му на Хезболах во борбата против злото

Фото: EPA

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ги повика муслиманите „да застанат покрај народот на Либан и гордиот Хезболах со сите средства што можат и да им помогнат да се спротивстават на злобниот режим (на Израел)“.

„Судбината на овој регион ќе ја решаваат силите на отпорот со лидер на Хезболах“, рече Хамнеи во изјавата откако израелската војска објави дека го убила лидерот на проиранската милитантна група, Хасан Насрала.

Откако Хезболах ја потврди смртта на Насрала, иранските медиуми објавија дека генералот Абас Нилфорушан, заменик командант на иранската револуционерна гарда, бил убиен „до Насрала“ во вчерашните израелски напади на јужниот дел на Бејрут.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, во објава на социјалната платформа Х вети дека „патот на Насрала ќе продолжи, а неговата света цел ќе се постигне со ослободување на Ерусалим“.

Во меѓувреме, двајца регионални претставници информирани од Техеран изјавија за Ројтерс дека Хамнеи е преместен на безбедна локација во земјата и дека безбедносните мерки се засилени. Изворите рекоа дека Иран е во постојан контакт со Хезболах и другите проирански вооружени групи во регионот за да се одреди следниот начин на дејствување по убиството на Насрала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот