Времето денеска сончево, максималната температура до 32 степени

Цветно Скопје/фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

Сончево и топло време ќе преовладува до утре попладне, кога ќе започне да се зголемува облачноста, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Се очекува денешната минимална температура да биде во интервал од 7 до 16, а максималната да достигне од 26 до 32 степени.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со слаб ветер од југоисточен правец. Најавено е минималната температура да се спушти до 12, а максималната да достигне до 31 степен.

Според синоптичарите, в недела ќе има поголема промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Се најавува да дува засилен северен ветер, што ќе продолжи и в понеделник, кога се очекува да предизвика значителен пад на температурата – за 8 до 10 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот