ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и потопло, максималната температура до 34 степени

Стабилно и суво време/ Фото: МИА

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне и до 34 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер.

Следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која од недела насекаде ќе биде над 30 степени. Во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот