ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност

Наутро студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде 5 степени, а дневната 23 степени.

Во среда времето ќе биде стабилно и сончево со студени утра. Во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.

Под влијание на циклонска активност во петок, за време на викендот и почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот