ВРЕДИ: На Села и на Ахмети им се плаче што ги напуштаат институциите

Коалиција ВРЕДИ - лого

Лицемерието на Ахмети и Села нема граници. Преку ден нивниот директор на ФЗО во заминување со насмевка ги пречека и се фотографираше со новите директори, а попладне на опозициската ДУИ им текна наводно да се загрижат за меѓуетничката хармонија и Охридскиот рамковен договор, стои во партиското соопштение на „ВРЕДИ“.

„Со други зборови им се плаче што ги напуштаат институциите, ги губат привилегиите и се под закана од ревизија на нивното работење.ВРЕДИ нема да дозволи да се манипулира со креирање лажна перцепција за наводно институционално понижување на Албанците. Наместо да се служат со подбуцнување ДУИ нека и одговори на јавноста зошто му понудија на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да влезат наместо ВЛЕН во неговата Влада со само 4 министерства, без претседател на Собрание и со ветување дека ќе му одработат на локалните избори во 2025 неговите кандидати за градоначалници да победат во Кичево и Струга? Време е за вистината“, се додава во соопштението на ВРЕДИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот