Врачена државната награда „11 Октомври”

По повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание, денеска во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, беше врачена истоимената државна награда.

Одборот за доделување на државната награда, за животно дело во областа на науката, наградата постхумно му ја додели на проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар. Во областа на културата и уметноста, наградата и беше доделена на поетесата Линдита Ахмети, писателот Томислав Османли и на ликовниот уметник Мицко Јанкуловски.

Претседателот на Одборот за државната награда „11 Октомври”, Џевдет Хајредини истакна дека на конкурсот се пријавиле вкупно 23 творци од сите области на живеењето. Упати апел до сегашната и идните влади, премиерите и министрите за финансии да не штедат од буџетските средства наменети финансирање на науката, културата и уметноста.

Ликовниот уметник Мицко Јанкуловски, заблагодарувајќи се во име на сите добитници, истакна дека денес живееме во време на реалност која сме ја наследуваме од нашите предци, а која потоа треба да ја пренесеме на нашите деца и да им оставиме општествено-културно наследство.
Наградата „11 Октомври” се доделува за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности од јавен интерес. Државната награда првпат е доделена во 1995 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот