Вработените го виделе мејлот по 10 часа: Дојава за бомби во неколку трговски центри во Сараево

Полициски автомобили, Сараево / Фото: ЕПА

Во неколкку трговски центри во Сараево, вчера,  пристигнале дојави за бомби на имејл адресите, но службениците ги виделе мејловите дури по 10 час. Вратите на трговските биле отворени и бројни сараевчани се шетале во текот на денот нормално низ продавниците без да знаат за заканата, известува Телеграф.рс.

Контрадиверзантските екипи вчера во главниот град на Босна и Херцеговина имале полни раце работа.

Заканувачките мејлови пристигнале на адресите на „Сараево сити центар“, „Импортан центар“ и „Ариа Мол“, а според информациите, имејлот стигнал десет часа пред вработените во трговскиот центар да ја известат полицијата за заканата. Ова го потврди портпаролката на МВР К.С. Мерсиха Новалиќ.

„Во утринските часови во вторник на 24 септември известувањето е испратено до сите центри по електронска пошта, зависи само кој го отворил, а тоа е направено од безбедносна страна“, рече Новалиќ.

За среќа се работело за лажни дојави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот