Вработени на аеродромот во Мелбурн обвинети за врски со шверцери на дрога

Аеродромот во Мелбурн / Фото EPA-EFE/CON CHRONIS

Десетици членови на персоналот на аеродромот во Мелбурн се обвинети дека работеле за организирани криминални групи кои шверцуваат дрога во Австралија, објави денеска „Гардијан“.

Истрагата на полицијата насочена кон соработници на криминалци во синџирите на снабдување на аеродромот откри дека 70 вработени на аеродромот во Мелбурн ги прекршиле безбедносните проверки во изминатите 12 месеци, а некои се осомничени за криминални активности.

Граничните сили соопштија дека екипаж на неименувана авиокомпанија бил вклучен во дистрибуција на дрога, додека членовите на екипажот на друга авиокомпанија шверцувале цигари и тутунски производи во куфери со двојно дно, за да се избегне плаќање царина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот