ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: ИДФ смртно застрела момче пред влезот на бегалскиот камп Тулкарм, убиена е и една жена

Фото: Твитер

Палестинското Министерство за здравство денеска соопшти дека израелските безбедносни сили убиле жена и дете за време на рација во Тулкарм на окупираниот Западен Брег.

Палестинската новинска агенција Вафа, повикувајќи се на извори од владината болница Табет Табет, јави дека загинале 15-годишно момче и 47-годишна жена, а четири лица се ранети.

Моментот кога палестинското момче Мохамед Сархан беше застрелано и убиено од израелските сили на влезот од бегалскиот камп Тулкарм, денеска веќе е објавено на социјалните мрежи.

Израелските сили вчера убија припадник на екстремистичката организација Исламски џихад во Тулкарм.

Најмалку 550 луѓе, меѓу кои повеќе од 130 деца, се убиени од израелските безбедносни сили или еврејски доселеници на Западниот Брег од почетокот на војната меѓу Израел и исламистичкиот Хамас на другата палестинска територија на Појасот Газа на 7 октомври минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот