Вондроушова лани ја освои титулата на „Вимлбдон“, а сега е елиминирана во првото коло

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Минатогодишната шампионка на тенискиот грен слем „ВимблдонМаркета Вондрушова беше елиминирана на стартот од турнирот.

Чешката тенисерка во првото коло беше поразена од Џесика Манеиро од Шпанија со 2:0 во сетови 6:4 и 6:2, по 69 ​​минути игра.

Шестата тенисерка на светот беше далеку од посакуваното ниво на овој меч и на крајот доживеа сензационален пораз освојувајќи само шест гема.

Пресвртот во првиот сет се случи во седмиот гем кога Манеиро направи брејк и потоа рутински дојде до предност.

Во вториот сет 83 тенисерка на светот беше уште поубедлива славејќи со 6:2.

Во другите мечеви од женска конкуренција Британката Дарт со 6:4 и 6:0 славеше против Баи од Кина, Рибакина од Казахстан исто така беше убедли над Романката Русе со 6:3 и 6:1. Победи остварија уште Ванг, Пегула и Зигемунд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот