Волково и Орман ќе се поврзат со нова пешача патека

Фото: Општина Ѓорче Петров

Од Волково до Орман граѓаните ќе можат да се движат по нова пешачка патека, а најважно е што по оваа патека, долга 1,8 километри и широка 1,4 метри, безбедно ќе можат да се движат учениците од основното училиште „Јоаким Крчовски“ до село Орман, што досега беше голем проблем. Од Општина Ѓорче Петров информираа дека започнуваат со изградба на патеката, но ќе се постави и улично осветлување на овој потег за да се овозможи непречено и безбедно движење и рекреаирање.

Вкупната вредност на проектот изнесува 7.000.000 денари.

Изградбата на пешачката патека ќе овозможи значително подобрување на сообраќајната комуникација, а пешаците ќе уживаат во зголемена безбедност и удобност, особено во вечерните часови благодарение на новото осветлување. Најважно од сè, новата патека ќе создаде чувство на сигурност за сите граѓани, што е особено важно за жителите на Орман, кои сега ќе имаат безбеден и модерен простор за движење. Овој проект е дел од заложбите на општината за развој на модерна и функционална инфраструктура, која ќе им овозможи на сите жители да имаат подеднакво безбедни и современи решенија за движење – истакнуваат од Ѓорче Петров.

Оттаму додаваат дека продолжуваат со реализација на проекти кои имаат за цел подобрување на инфраструктурата, како и условите за живеење во општината, во интерес на граѓаните и јавното добро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот