Војчех Шчесни објави крај на кариерата

Фото: EPA-EFE/Leszek Szymanski POLAND OUT

Поранешниот голман на Јувентус, Војчех Шчесни кој летово си замина од клубот од Торино, денеска објави дека донел одлука за крај на кариерата.

Шчесни во кариерата долга 18 години покрај Јувентус го чуваше уште голот на Легија Варшава, Арсенал, Брентфорд и Рома. Неговата одлука за крај е изненадувачка со оглед на тоа што има 34 години, но како што вели сака се посвети на семејството.

„На оваа игра ѝ дадов 18 години од мојот живот, секој ден. Денес, моето тело се чувствува подготвено и за нови предизвици, но моето срце повеќе не е таму. Чувствувам дека е време своето внимание да го насочам кон моето семејство, мојата сопруга, Марина и нашите две прекрасни деца Лиам и Ноелија“, објави меѓу другото полскиот чувар на социјалните мрежи.

Долго време Шчесни беше и прв голман на полската репрезентација за која собра 84 натпревари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот