Воен транспортен коридор во Арктикот – падна договор меѓу Норвешка, Шведска и Финска

Фото: whoi.edu

Норвешка, Шведска и Финска се договорија да создадат воен транспортен коридор што ќе минува низ северниот дел на секоја од трите земји, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

Овој договор е „важен чекор“ за овие три земји, кои се веќе членки на НАТО, нагласи тој.

Финска и Шведска ја напуштија својата повеќедецениска политика на необврзаност со одбранбени сојузи откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Финска се приклучи на Атлантскиот сојуз во април минатата година, а Шведска во март оваа година.

„Денес се договоривме да создадеме воен транспортен коридор низ северна Норвешка, северна Шведска и северна Финска“, рече Сторе по состанокот со неговиот шведски колега Улф Кристерсон и финскиот претседател Александар Стуб.

„Ова ќе овозможи брз транспорт на персонал и опрема од норвешките пристаништа до Финска преку Шведска“, додаде Сторе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот