Во Вашингтон започнува пролетниот состанок на ММФ и Светска банка

Фото Архива на СП

Во понеделник во Вашингтон започнува пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, кој ќе трае до 20 април. Состанокот ќе започне со Глобалниот парламентарен форум, а на еден од воведните состаноци ќе учествува и директорката на ММФ Кристалина Георгиева, соопшти ММФ.

Економскиот раст на Западен Балкан ќе се забрза оваа и следната година крајот на листата Министрите за финансии, централните банкари и креаторите на политиките во Вашингтон ќе разговараат за најитните прашања на светската економија и влијанието на војните, пред се во Украина и Газа, врз финансиската стабилност во светот, пишува Тајнјуг.

Собирот во Вашингтон ќе ги собере гувернерите на централните банки, министрите за финансии и развој, членови на парламентот, директори на приватниот сектор, претставници на граѓански организации и академици за да разговараат за прашања од глобално значење.

Ќе се разговара за светската економска перспектива, искоренувањето на сиромаштијата, економскиот развој и ефикасноста на помошта. Главните министерски состаноци и настани ќе се одржат од 17 до 19 април, се наведува на веб-страницата на ММФ.

На 16 април ММФ ќе го објави Ворлд Економик Аутлук, публикација која дава сеопфатна анализа на глобалната економска ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот