Во Тетовско почина работник, паднал и се повредил додека работел во село Непроштено

Градежни работници/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Во СВР Тетово вчера во 15:40 часот било пријавено дека во Клиничка болница Тетово – Ургентен центар бил донесен починат А.А.(53) од тетовско Џепчиште, кој работел во Непроштено.

МВР денеска соопшти дека според пријавеното, лицето паднало и се повредило додека извршувало работни задачи во правно лице од тетовско Непроштено, по што им подлегнало на повредите.

На лице место увид извршила увидна екипа при СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот