Во Србија кај Инџија судар меѓу автобус и автомобил, има еден загинат и 27 повредени

Во судар меѓу автобус и патничко возило што се случи утринава на стариот пат меѓу Нови Сад и Инџија, едно лице го загуби животот, а 27 се повредени, од кои четворица имаат тешки телесни повреди, јави дописникот на МИА од Белград.

– Околу 7 часот и 30 минути на патот меѓу Инџија – Нови Сад, кај Инџија, во сообраќајна незгода учествувале автобус на редовна градска кружна линија и патничко возило – соопштија од Полициската управа Сремска Митровица.

Според информации на српски медиуми, младо лице на возраст од 18 години возело диво и престигнувало возила, а возачот на автобусот се обидувал да го избегне.

Двете возила од силината на ударот завршиле во ендек, а лицето што го управувало патничкото возило загинало. При судирот градскиот автобус се превртел на страна.

Од Здравствениот дом Инџија соопштија дека на лице место им е укажана помош на 27 патници.

-Четворица од нив се тешко повредени, а десет се испратени во Нови Сад на понатамошно лекување. Седум се испратени во Белград, а двајца во Сремска Митровица – се наведува во соопштението.

Полициската истрага е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот