Во Скопје ќе се отвори првата јавна биотехнолошка лабораторија

Фото Архива на СП

Речиси 60 проценти од младите сметаат дека владите не прават доволно за да се справат со климатските промени. Поради тоа Младинскиот климатиски акциски фонд на СОР28 избраа градови кои имаат потенцијал да ги мотивираат младите да најдат решение. Меѓу овие градови се најде и Скопје, кој доби награда во вредност од 50.000 денари за отворање на прва биотехнолошка лабораторија.

-Град Скопје е добитник на награда од 50.000 долари за иницијативи предводени од младите за рециклирање или намалување на отпадот, од Младинскиот климатски акциски фонд, кој обезбедува техничка помош и финансирање за активирање на илјада млади на возраст од 15 – 19 години за управување со биоотпад, дизајнирање и производство на рециклирани производи во рамки на биотехнолошката лабараторија, соопштија од Град Скопје.

Ова е прва јавна биотехнолошка лабораторија во Македонија и регионот и е отворена со помош на УНДП и УНИЦЕФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот