Во Штутгарт со супер дерби започнува четвртфиналната фаза на ЕП

Фото: EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Со две големи дерби пресметките денеска започнува четвртфиналето на Европското првенство. Првиот натпревар го играат Шпанија – Германија, додека во вториот се среќаваат Португалија и Франција.

Германија и Шпанија се репрезентациите кои покажаа најмногу на ова првенство, но некоја од нив нема да дојде до полуинфалето.

Шпанија која од почетокот важеше за фаворит од сенка игра одлично првенство и полека се истакнаа како едни од главните кандидати. Натпреварот со Германија за нив денес е одличен тест. Домаќините од друга страна се самоуверени од самиот почеток, а со добрите натпревари оптимизмот само порасна.

Во двете селекции нема проблеми со повреди, па така Де Ла Фуенте и Нагелсман ќе ги имаат сите фудбалери на располагање. Главен на центарот во овој дуел ќе биде англискиот судија Ентони Тејлор.

Од 18:00 часот во натпреварот на Франција и Португалија ќе видиме пресметка на Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе. Роналдо се уште го чека својот прв гол на турнирот со кој би станал највозрасниот стрелец во историјата на Европските првенство, додека Мбапе погоди само еднаш од пенал.

Французите за денешниот натпревар не може да сметаат на Адриен Рабио кој е суспендиран поради жолти картони, Португалците немаат такви проблеми.

Како и во првото четвртфинале и за ова УЕФА одреди англиски судија, па така во Хамбург правдата ќе ја дели Мајкл Оливер.

18:00: Шпанија – Германија

21:00: Португалија – Франција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот