Во руски напад на југот на Украина загинаа шест лица, осуммина се ранети

Фото: Еуроактив

Во руски напад на градот Вилњанск, во регионот Запорожје на југот на Украина, загинаа шестмина луѓе, а осуммина се ранети, соопшти денеска регионалниот гувернер Иван Федоров.

„Русите го нападнаа градот Вилњанск. Според првичните извештаи, шест цивили се убиени, а осум жители се повредени“, наведе Федоров на социјалните мрежи.

„Оштетена е критичната инфраструктура, продавница и станбени објекти“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот