Во родното село Слоештица се чествуваат 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски

Покана за настанот во с. Слоештица

По повод чествувањето на 90 години од раѓањето на писателот и поет Петре М. Андреевски во неговото родно село и крај вечното почивалиште во с. Слоештица, Демир Хисар, ќе се одржи настан на денот на неговото раѓање.

Настанот ќе се одржи на 25 јуни, во 13 часот, и е во организација на Македонското научно друштво – Битола, во соработка со Педагошкиот факултет – Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Студенското собрание при УКЛО, „Арт поинт – гумно“, с. Слоештица и „Јуроп хаус Битола“.

Покрај посета и оддавање почит на гробот на Петре во с. Слоештица, предвидена е реализација на културна манифестација која вклучува литературно читање на дел од поезијата на Петре М. Андреевски и квиз со едукативен карактер, поврзан со ликот и делото на Петре М. Андреевски. Литературното читање и квизот ги подготвија студенти од Педагошки факултет – Битола, и истите ќе се реализираат во реновираниот Задружен дом во с. Слоештица.

Настанот ќе заврши во „Арт поинт – гумно“ со свечено откривање на скулптура, инспирирана од прочуената песна „Дениција“ на Андреевски, а изработена од познатиот македонски уметник Никола Пијанманов.

Свое присуство и обраќање на настанот најавил и Амбасадорот Дејвид Гир од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот