Во роденденската сезона на Филхармонија премиерно ќе прозвучат три дела од домашни автори

Оркестарот на Македонска филхармонија / Фотографија: Маја Аргакијева

Музичките дела на композиторите Борис Светиев, Ана Пандевска и Филип Иванов се избрани на Конкурсот за откуп на музички дела од домашни автори што го објави Македонската филхармонија во мај оваа година.

Комисијата составена од македонски композитори, музиколози, домашни и странски диригенти ги награди симфониските дела „Јубилејна фантазија“ на композиторот Борис Светиев, „Куклици“ на Ана Пандевска и „Итар Пејо“ од Филип Иванов.

Делата на Светиев, Пандевска и Иванов ќе бидат изведени до крајот на годината, во јубилејната концертна сезона на Македонската филхармонија во која институцијата ќе прослави осумдесет години од формирањето.

Конкурсот беше инициран како дел од активностите по повод прославата на осумдесетгодишнината на Филхармонија со цел да се поттикнат и мотивираат домашните автори да напишат нови симфониски дела кои својата праизведба ќе ја доживеат во јубилејната сезона 2024/2025, насловена „Одисеја“.

Делата кои премиерно ќе прозвучат во роденденската сезона, ќе бидат изведувани и на концертите на Македонска филхармонија во странство со цел да се промовира домашното творештво надвор од нашата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот