Во рамки на поетската манифестација „100 Илјади поети за промена“ ќе има и изложба на Владимир Мартиновски

Плакати за настаните во Струмица / колаж

Во Струмица на 28 септември (сабота) ќе се одржи 14. издание на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“. Програмата ќе биде реализирана во НУ Завод за заштита на спомениците од културата и Музеј – Струмица.

Со почеток во 19 часот најпрво ќе биде отворена изложбата на дигитални цртежи „Сенката на звукот“ на проф. Владимир Мартиновски, а потоа со промовирањето на годинашниот зборник „100 Илјади поети за промена“ ќе се одржи поетско читање на дел од застапените поети. На конкурсот годинава конкурираа повеќе од 200 учесници.

„Сенката на звукот“ е трета изложба на дигитални цртежи на Владимир Мартиновски, а се состои од 12 цртежи (дигитален принт) кои тематски ја поврзуваат музиката, поезијата и ликовниот израз на Мартиновски. Под влијание на музичките фестивали кои редовно ги посетува, тој најде инспирација неговите емоции, чувства и размисли визуелно да ги изрази преку создавањето на овој циклус дела. Оваа изложба е своевидна презентација во која се вкрстуваат две негови пасии: музиката и сликарството. Дигиталните цртежи визуелно го слават чинот на музицирање, во обидот на ликовен начин да се доловат различни мелодиски и ритмички структури.

Манифестацијата „100 Илјади поети за промена“ е во организација на Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ и е поддржана од градоначалникот Костадин Костадинов и Општина Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот