На првиот ден од Вимблдон се повлече една од најголемите фаворитки за титулата

Фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

На денот кога стартуваше Вимблдон од турнирот се повлече, Арина Сабаленка.

Белорусинкатабила принудена на ваков потег поради повреда на рамото. Откажувањето Сабаленка го потврди преку социјалните мрежи.

„Ми се скрши срцето, но приундена сум да се повлечам од турнирот, направив се што можам, но моето рамо не соработуваше. Се трудев да бидам подготвена, сепак мојот тим ме предупреди дека ако играм ситуацијата може да стане полоша“, изјави Сабаленка.

На турнирот Сабаленка беше една од најголемите фаворитики и важеше за трета носителка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот