Во Прилеп татко монструм ги силувал своите малолетни ќерки, мајката им велела да не пријавуваат – било срамота

Обвинителството отвори истрага против 36 годишен прилепчанец кој две години ги силувал неговите три малолетни ќерки, сите на возраст под 14 години.

Случајот пред два дена го пријавило едно од децата иако мајката ги убедувала да не го сторат тоа бидејќи било срамота. Ги советувала дека децата треба да ги почитуваат своите родители.

Од обвинителството, велат дека обљубара се случувала во периодот од 2021 до 2023 година во повеќе наврати, во домот на семејството.

Децата биле родени 2008, 2010 и 2014 година, а во периодот кога биле злоставувани немале наполнето ни 14 години.

Од обвинителството велат дека мајката со нејзиното делување допуштила децата жртви да живеат заедно со нивниот татко кој полово ги злоупотребувал и не презела никави мерки за нивна заштита.

Таткото е осомничен за силување на дете кое не наполнило 15 години и родосквернавење. Мајката е осомничена за запуштање и малтретирање на дете.

Побаран е притвор за двајцата родители.

За децата е иницирано соодветно згрижување преку надлежните служби.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот