Во пресрет на судењето Диди донесе шокантна одлука, неговиот адвокат веднаш се огласи: „Тој едвај чека да…“

Диди и неговиот адвокат, Марк Агнифило / Фото: EPA

Шон Комбс, попознат како Диди сака да сведочи за време на неговото претстојно судење. Познатата рап-ѕвезда моментално чека судење за обвинувањата за сексуални злосторства, а Марк Агнифило, неговиот адвокат, потврди дека хип-хоп магнатот планира да сведочи за време на сослушувањето.

Имено, во исечок од документарецот на „ТМЗ“ во врска со случајот на Диди, адвокатот Агнифило вели: „Не знам дали би можел да го предомислам од тоа. Мислам дека тој едвај чека да ја раскаже својата приказна“.

Инаку, Диди се изјасни за невин по сите три обвиненија и му беше одбиена кауцијата. Судијата кој ќе го води неговиот случај се согласи со обвинителите дека има сериозен ризик за бегство и дека претставува опасност за другите.,

Обвинетите за кривични дела имаат право според петтиот амандман да не сведочат за дополнително да не се инкриминираат. Тие исто така имаат право да сведочат, дури и ако тоа е спротивно на советот на нивниот адвокат.

Сепак, врз основа на она што го кажува Агнифило, се чини дека Диди верува дека поротата треба да ја слушне неговата верзија на настаните, и покрај можните ризици.

„Тој има своја приказна и мислам дека само тој може да ја каже на начинот на кој може да ја раскаже, во реално време. Тоа е човечка приказна. Тоа е приказна за љубовта. Тоа е приказна за болка. Тоа е приказна за скршено срце“, додал Агнифило.

Адвокатот на Диди со бизарно објаснување зошто раперот имал 1.000 шишиња бебешко масло дома

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот