Во Полска се регистрирани 23 грабежи во поплавените подрачја

Поплави во Полска / Фото: EPA-EFE/KRZYSZTOF SWIDERSKI POLAND OUT

Во југозападните делови на Полска погодени од поплавите досега се регистрирани 23 случаи на грабежи, јавуваат полските медиуми.

Според РМФ24, ситуацијата ја искористиле криминалците, а полицијата уапсила 19 лица кои провалиле во напуштени продавници, бензински пумпи, станови и куќи.

Во последните денови, пак, бројот на инциденти е намален бидејќи поголем дел од локалното население се врати дома, а зголемен е и бројот на полициски патроли на улиците.

Окружниот суд во градот Клоџко пред неколку дена ја изрече првата казна за грабежи во поплавените подрачја. Девет лица ги загубија животите во разорните поплави предизвикани од циклонот Борис во Полска.

Полска прогласува национална катастрофа поради поплавите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот