Во огномет повредени поголем број посетители на стадионот во Јута на прослава за 4 јули

Неисправниот огномет заврши на трибините на преполниот фудбалски стадион во Јута и повреди дел од присутните за време на прославата по повод празникот на независноста четврти јули.

Неколку лица завршија во болница, според властите и организаторот на настанот.

Несреќата се случи за време на церемониите на отворањето на шоуто „Стадионот на огнот“, водечки настан на годишниот фестивал на стадионот ЛаВел Едвардс на Универзитетот Бригам Јанг.

Организаторите го прекинаа шоуто на околу 15 минути додека на повредените им беше укажана лекарска помош, изјави портпаролот на Фестивалот, Емори Кук.

Шест лица се префрлени во болница, рече Кук, но бројот на повредени во огнометот како и сериозноста на нивните повреди се уште не се точно утврдени.

Причината за несреќата е под истрага на локалните власти.

Персоналот на противпожарната служба и болничарите беа на лице место кога започна шоуто и можеа веднаш да стигнат до повредените, со што спречена е поголема катастрофа рече портпаролот на Прово за пожар и спасување Џини Атертон.

Таа истакна дека нејзиниот оддел превезол само едно лице во болница, но дека другите жртви можеби отишле со лични возила.

Огнометот што не функционираше во внатрешноста на стадионот беше релативно мал во споредба со големите пиротехнички средства што се користат за време на финалето на шоуто, рече Кук. Тие поголеми огномети се чуваат надвор од стадионот, додаде тој.

По несреќата, полицискиот оддел им дозволи на организаторите да продолжат со настанот, на кој учествуваа браќата Џонас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот