Во Нирнберг убиен маж кој со нож нападнал полициска патрола

Почина мажот, кој вчера со нож нападна тројца полицајци во град во близина на Нирнберг, во Германија, откако беше застрелан од полицијата на железничка станица во градот, изјави портпаролот на полицијата.

-Тој починал на самото место на нападот, во јужниот град Лауф ан дер Пегниц, и покрај итните мерки за прва помош, изјави портпаролот.

Според полицијата, напаѓачот најпрвин нападнал полициска патрола. Кога полицајците излегле од возилото, тој тргнал кон нив со оружјето.

-Во нападот вклучен беше и нож – рече портпаролот.

Портпаролот додаде дека нема повредени полицајци и не даде детали за тоа колку истрели биле испукани, кој испукал или каде бил погоден човекот.

Претставникот на полицијата, исто така, првично не го коментираше идентитетот на напаѓачот или заднината на неговиот напад.

Според портпаролот на полицијата, просторот пред станицата е ограден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот