Во нападот врз болницата во Суми, Украина убиени шест лица

Фото Архива

Шест лица загинаа утринава во два последователни руски напади врз медицински центар во градот Суми, во североисточна Украина.

„Во првиот напад загина едно лице, а таваните на неколку ката од болницата беа оштетени. Почна евакуацијата на пациентите и персоналот“, напиша украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко на Телеграм.

Тој додаде дека вториот напад се случил за време на евакуацијата, кога се убиени пет лица.

Нападите врз градот Суми и истоимената област зачестија откако украинската армија започна операција во соседниот руски регион Курск во август и зазеде десетици населени места.

Градот Суми е на само 32 километри од руската граница, а руските сили го напаѓаат регионот и градот со дронови и наведувани бомби.

Клименко не прецизираше кое оружје било употребено во денешните напади, но од регионалната управа соопштија дека нападот бил извршен со беспилотни летала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот