Во Мексико банди киднапираа четворица американски државјани, ФБИ понуди награда за нивно ослободување

Мексико војска . EPA-EFE/Ivan Villanueva

Четворица американски државјани се киднапирани во северно Мексико во близина на границата со САД, откако вооружени напаѓачи отвориле оган врз нивното комбе со регистарски таблички од Северна Каролина, соопшти денеска Федералното истражно биро (ФБИ).

Тие биле киднапирани во близина на мексиканскиот пограничен град Матаморос, каде војуваат ривалските фракции на т.н. заливски нарко картел.

ФБИ вчера соопшти дека во комбето со Американците било пукано веднаш по влегувањето во Мексико, но не е јасно дали киднапирањето е поврзано со насилството што се случувало тој ден во Матаморос.

Беше објавено дека „сите четворица Американци биле ставени во едно возило и дека биле однесени од вооружени лица“.

ФБИ нуди награда од 50.000 долари за секој што ќе го овозможи ослободувањето на Американците и апсењето на киднаперите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот