Во Македонија ми рекоа дека не сум Македонка, вели Емилија Стојменова Дух, министерка во словенечката влада

Емилија Стојменова Дух, Македонката која годинава беше поставена за министерка во владата на Словенија, во интервју за ТВ 24 раскажа дека имала лошо искуство кога се обидел да студира во Македонија, откако претходно средното училиште го завршила во Словенија.

-Кога завршив гимназија, сакав да студирам во Македонија, моето семејство беше во многу тешка економска ситуација, но мене ми побараа 800 евра за да студирам во земјава, под образложение дека не сум Македонка. Јас бев и сѐ уште сум Македонка, вели Стојменова Дух, која е министерка за дигитализација во словенечката влада.

Стојменова родена е во Виница, во 1985 година. По завршување на вторa година во Природно-математичката гимназија во Виница се сели во Марибор, Словенија. Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија добива стипендија за програмата меѓународна матура во Втората гимназија во Марибор каде го завршува средното образование.

36-годишната Стојменова Дух е вонредна професорка на Електротехничкиот факултет во Љубљана. Таа е основач и директор на мрежата FabLab Slovenia, како и директорка на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia, а активна е во иницијативата за „паметни села“, поддржана од Европската комисија и Европскиот парламент. Таа ја претставува Словенија во мултирегионален проект на Стејт департментот на САД, кој избра 50 жени од целиот свет кои се на важни позиции во науката, технологијата и математиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот