„Во љубовта сите сме кралеви и питачи“, нова песна на Владо Калембер потпишана од Копров, Драгиќ и Дојчин

Фото: Промо

Може ли разделба да биде достоинствена, без навреди, обвинувања и лоша мисла?

Кога ќе ја слушнете „У љубави смо краљеви и просјаци“, новата песна на Владо Калембер што ја потпишуваат: Григор Копров (музика), Саша Драгиќ (текст), Владимир Дојчиновски (аранжман), ќе останете без здив. Па и да имавте и најмала љубовна рана, ќе зацелите бидејќи зборовите се моќни, а го опишуваат човекот што донел одлука и со целиот животен багаж и сознание дека љубовта, иако премиса и прапочеток на секој живот, сепак може да престане.

Драгиќ вели дека се инспирирал од музиката, и веројатно во тоа е тајната на претопувањето на зборовите и музиката. И не е само тоа моќта на овааа композиција, миленикот на женската публика, Владо, овој пат е во сосема ново светло: фантастично ја донесува емоцијата, искуството и животот направија созреаните чувствата во кои и тој се пронаоѓа, да звучат прекрасно.

Всушност, оваа авторска тројка, за првпат споена во една песна, го даде новото светло во начинот на пеењето на Калембер. Песната ја очекува и спот а наскоро ќе ја чуете и на македонски јазик:

Владо е роден во Струмица и многу ја сака нашата земја. Инаку, Копров веќе има напишано една песна за Калембер – „Добра ноќ заљубени“ за „Макфест 1988“ и одтогаш трае нивното пријателство што еве резултира и во професионална спработка.

Песната од денес го почнува својот музички живот, ќе се слушне на просторот на екс- Ју, од Вардар до Триглав, секој на свој начин да потврди дека во љубовта е и питач и крал.

(Комерцијална објава)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот