Во Либан сè уште има околу 1.800 германски државјани

Според владата во Берлин, во Либан каде има интензивни бомбардирања од страна на Израел сè уште има околу 1.800 германски државјани. Граѓаните се на списокот за кризни состојби на германското МНР, изјави портпаролот на министерството, пишува ДПА.

Бидејќи аеродромите во Бејрут и Тел Авив се сè уште отворени, Министерството е подготвено да им помогне да патуваат доколку им треба помош.

Министерството, сепак, во никој случај не планира евакуација, рече портпаролот.

Министерството го подигна кризното ниво за германскиот персонал во дипломатските мисии во Бејрут, Тел Авив и Рамала.

Тоа значи дека семејствата на германските претставници треба постепено да го напуштат регионот, додека персоналот се разредува, објасни портпаролот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот