Во издание на „Корпус деликти рекордс“ и „Кичма рекордс“ се појавија четири нови винили

Винилни изданија на „Чоканче“, Сашо Поповски, „21 Век“ и „Културно Уметнички Работници“

Трендот на објава или реобјава на музички албуми во формат на винилни изданија фаќа корен и на македонска почва. Иако станува збор за колекционерски изданија со лимитиран тираж, сепак постоењето на интерес за набавка на винили укажува дека и кај нас има критична маса што сака да слуша музика со квалитетно снимен звук поставен на аналоген носач со широк дијапазон фреквенции.

Факти што одат во прилог на оваа теза се четирите нови винили што се појавија во изминативе неколку месеци. Во издание на „Корпус деликти рекордс“ и „Кичма рекордс“ се појавија винилни изданија на албумите „Здраво-живо“ на групата „21 Век“, „25 Мај“ на „Културно Уметнички Работници“, „Чоканче“ на битолската група „Чоканче“ и „Степс“ на Сашо Поповски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 237, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 29-30.6.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот