Во Франција поднесена тужба за убиство од небрежност поради смрт на човек по вакцинација со „Астра-Зенека“

Фото: EPA-EFE/JOE GIDDENS / POOL

Семејство на 63-годишен маж кој почина во март во централна Франција од „тромбоза” откако ја прими првата доза на антиковид вакцината на „Астра-Зенека“, покрена тужба против непознато лице за убиство од небрежност.

Државниот обвинител Анција Вероник Денизо потврди дека тужбата е поднесена. Тоа не е прва тужба во Франција во врска со вакцината на британско-шведска компанија. Во Тулуз беше покрената тужба против неидентификувани лица по смртта на 38-годишна жена, а обвинителството во Нант отвори прелиминарна истрага по смртта на студент по медицина.

Париското обвинителство може да ги разгледа тие тужби како групен случај.

Регионалниот весник Дофин Либере најпрво пишуваше за тужбата за смртта на 63-годишникот. Во написот се наведува дека роднините на починатиот човек посочиле што се случило до Француската национална агенција за безбедност на лекови, која наредила дополнителни информации за да се утврдат причините за неговата смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот