Во ДПМ ќе се одржи настан во чест на Руми, великанот на класичната персиска поезија

Плакат за „Вечер со Руми“ во ДПМ

Работејќи во насока на уважување и на славење на вековното светско книжевно и културно наследство, Управниот одбор на Друштвото на писателите на Македонија одлучи да организира „Вечер со Руми“, поетско читање по вовод 817 години од денот на раѓањето на великанот на класичната персиска поезија.

Пред точно 817 години роден е Руми – поет на љубовната мистика, великан на класичната персиска поезија, а денес еден од најчитаните и најцитираните поети на светот.

Настанот ќе го водат Ана Пејчинова и Тихомир Јанчовски, двајца препејувачи на Руми на македонски јазик, а ќе вклучува рецитирање стихови, разговори и суфи музика.

Во текот на вечерта ќе биде вклучен и „отворен микрофон“, ако некој од присутните има омилена песна од Руми ќе може да ја рецитира на кој било јазик на светот.

Настанот ќе се одржи на 30 септември, од 19 часот, во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот