Во Дојран наврнало најмногу дожд, во Гевгелија најмалку

Фото: Википедиа

Во изминатите 24 часа најмногу дожд има наврнато во Дојран, 16 литри на метар квадратен, а најмалку во Пожаране и Гевгелија, еден литар на единица површина.

УХМР информира дека од 8 часот утрово биле измерени 15 литри на метар квадратен во Охрид, 10 во Битола и Крушево, 9 во Лазарополе, 7 во Претор и Маврови Анови, 6 во Ѓуриште, 4 во Кавадарци, Пожар, Прилеп, Демир Капија и Виница, 3 во Штип, како и два во Тополчани, Струмица, Крива Паланка и Велес.

Времето денеска се очекува да биде променливо облачно и посвежо,а во предпладневните часови краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Ќе дува засилен северен ветер долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 28 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот