Во Црна Гора почнува пописот на земјоделските фарми и сточарството

Земјоделство/Фото: EPA/MALTON DIBRA

Дирекцијата за статистика на Црна Гора, Монстат, од денеска ќе го започне земјоделскиот попис кој ќе трае до 1 декември. „Целта на спроведувањето на Пописот на земјоделството е да се обезбедат меѓународно споредливи податоци како за натамошно унапредување на официјалната статистика во областа на земјоделството, така и податоци од важност за креирање политики во смисла на креирање одржлива земјоделска политика“, соопшти Монстат.

Пописот на земјоделството по содржина и обем е најобемно и најкомплексно статистичко истражување од областа на земјоделската статистика, кое се спроведува на секои десет години во согласност со единствените меѓународни стандарди.

„Со пописот во земјоделството се собираат податоци за бројот на земјоделски стопанства, површината на искористено земјоделско земјиште по категории на користење, добиток по видови и категории, лица кои учествуваат во земјоделското производство по пол, објекти за сместување добиток, машини, опрема и повеќе“, изјавија од Монстат, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот